Коментари

Силјановска до Пендаровски: Да се биде залутан патник во политиката е предност

Претседателската кандидатка Гордана Силјановска Давкова преку Фејсбук порача дека не е „Залутан патник во политиката“, препознавајќи се во рекламните спотови на кандидатот од власта.

„Во некои од рекламните спотови на кандидатот од власта, се зборува за „Залутан патник во политиката.“ Да потсетам на некои работи кои, очигледно, на кандидатот од власта не му се познати. Имено, живееме во време кога дискусиите во Европа се во правец на што поголемо владеење на правото во земјите членки, но и на оние кои сакаат да бидат дел од неа, како и казнување на оние земји што не го почитуваат владеењето на правото.

Овој тренд бара нови лица. Многу „залутани“ личности се врвни европски и светски политичари. Еве и Словачка ја избра првата жена претседателка. Истакнатата адвокатка се појави на политичката сцена директно од судницата. Или треба да ве потсетам на Макрон и на неговото деби во политиката? Да се биде аутсајдер во политиката или залутан патник, како што мојот противкандидат милува да каже, е предност и тренд во Европа.

На граѓаните во Македонија им е преку глава од лажни ветувања на вообичаеното лице на политиката. Граѓаните сакаат голема промена со лице кое нема багаж.

Јас, докажана во академската работа, докажана како експерт, со целиот интегритет и непроменливост на ставови, бидејќи се основаат врз право и наука, ќе го прекинам трендот на лажни политичари, ќе ја воспоставам правдата и ќе ја вратам довербата на граѓаните во државата.

Можеби имам различен стил од сите досега, но затоа сум сигурна дека сум вистинската промена! Јас сум страстен поборник за право и правда, за почитување и заштита на човековите права по сите основи и за еднакви можности за сите“, се вели во објавата.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток