Миленко Неделковски на својот Фејсбук профил објави дека сите општински комитети на СДСМ имаат наредба да купат билети за концертот на Бени Шакири и Златко Оригански во Филхармонија вечерта пред прв круг избори.
“Сите општински комитети на СДС (не заслужуваат М) имаат добиено наредба да купат билети за концертот на Бени Шакири и Златко Оригански во Филхармонија вечерта пред прв круг избори.
Јасна е намерата на Заев и Пендаровски на овој начин, со помош на своите партиски дупеувлекувачи, да го изманипулираат законот во врска со 2-та дена изборен молк. Не зна, до Обвинителство, допре ли гласот?”, стои во објавата.
