Некатегоризирани

Уставни судии потврдија – Иванов има право на помилување

Уставните судии кои гласале против одлуката на Уставниот суд да се укинат измените на Законот за помилување, донесени во 2009 година сметаат дека членот 11 кој му овозможува на Претседателот Ѓорѓе Иванов дискреционо право за помилување се враќа во законското решение кое е на сила и денеска, објави press24.mk.

„ Преку укинувањето на измените на законот овој член повторно се враќа во сила, а тој овозможува Претседателот да помилува определено лице без воопшто да се спроведе законски пропишана постапка во случај тој да смета дека е оправдано.“ – се вели меѓу другото во издвоеното мислење под кое се потпишани тогашните судии во Уставниот суд, Наташа Габер-Дамјановска, Исмаил Дарлишта, Сали Мурати, и Гзиме Старова.

Текстот во целост на: press24.mk

На почеток