Скопје

Вооружен грабеж во филијалата на Тутунска банка во Бутел

Подружницата на “Тутунска банка” во Бутел денеска беше плен на вооружен грабеж. На местото на настанот веќе има бројни полициски сили кои работат на расветлување на случајот. Неофицијално украдени околу 100.000 евра.

На 15.04.2019 г. во 10.36 ч. пријавено е разбојништво од страна на неколку лица со оружје во банка на ул. Ферид Бајрам кои одзеле пари. Од страна на сторителите бил физички нападнат Е. Е. (26), кој е вработен како обезбедување во банката. Повредени лица од оружје нема. Веднаш по добивањето на пријавата презмени се мерки и активности од полициски службеници, се наведува во првичната инфотмација од МВР.
Од страна на полицијата до сега пронајдени е полнач за пиштол кој е пронајден во просториите на експузитурата на НЛБ Банка во Бутел 2 која утрово беше ограбена од страна на засега непознати вооружени лица, пишува Коха. Припадниците на Министерството за внатрешни работи го пронашле автомобилот со кој се превезувале крадците но тој е целосно изгорен. Автомобилот бил пронајден после два саати откако крадците го нападнале обезбедувањето на банката, но сеуште не е познато дали четворицата маскирани и вооружени лица успеале да ги земат парите.

Весникот Коха од официјални полициски извори успева да дознае дека во близина на реката Серава кај гробиштата во Бутел пронајден е изгорен автомобил “Голф 5” со сива боја, додека во експозитурата на банката во Бутел 2 се продолжува со истрагата, а се трага по 4 лица.

Кражбата, се случила околу 9 часот, додека пак крадците палејќи го Голф-от, успеале да си заминат со друг Голф 5 во непозната насока досега. Во текот на денот, Министерството за внатрешни работи информираше дека ќе излезат повеќе детали за настанот.

На почеток