Свет

Иран: Девет мажи обесени поради силување

Иранскиот весник „ Arman dejli” информирал дека мажите влегле во вила на една жена во јужната провинција Фарс и ја силувале.

Мажите се обесени откако Врховниот суд на Иран повторно ја изнел пресудата донесена на почетокот на месецот, пренесе АП.

Весникот цитира судски претставник од провинцијата кои истакнал дека жената го повлекла обвинението , но властите без разлика на тоа одлучиле да ја спроведат казната.

Групите за правата на човекот тврдат дека Иран е една од водечките држави на светот кога станува збор спроведување на егзекуција , наведува АП.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток