Македонија

(ВИДЕО) Пендаровски: Кога бев мал сакав да бидам ѓубреџија

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски во интервју за естрадниот магазин „Бекстејџ“ откри детали од приватниот живот, а одговараше и на интересни прашања поврзани со неговите колеги политичари.

Pо природа е љубоморен сопруг, не носи скапи и ексклузивни одела од познати дизајнери, Коце Трајанов му бил сосед, а на прашањето кога би имал само една гума за спасување во бура на море кој би спасил од Зоран Заев, Никола Димитров, Радмила Шеќеринска и Оливер Спасовска ја избра четвртата солуција притоа објаснувајќи дека би го спасил министерот за внатрешни работи само затоа што е најмлад.

 

На почеток