Некатегоризирани

Пендаровски: Граѓаните знаат дека не станува збор за индивидуален избор, туку станува збор за избор на концепт

Заедничкиот кандидат за претседател, Стево Пендаровски откако го изврши своето граѓанско право и гласаше, истакна:

Очекувам мирен и спокоен ден, впрочем како што и доликува на една европска и демократска држава. Очекувам висока излезност, затоа што граѓаните знаат дека не станува збор за индивидуален избор, туку станува збор за избор на концепт, според кој Република Северна Македонија треба да продолжи понатаму да се развива, и да стане за еден кус временски период дел од Евроатлантските структури, се разбира на крајот на денот, очекувам да оствариме убедлива предност, која ќе ни даде можност во вториот изборен круг, дефинитивно да ја добиеме масовната поддршка на граѓаните за патот кој Република Северна Македонија го изминува во изминативе две години, а тоа е подалеку од изолацијата и поблиску до Европа кадешто реално припаѓаме, истакна Пендаровски.

На почеток