Македонија

Денеска е Велики Четврток – се вапцуваат јајца, првото има моќ

Велики Четврток е ден од страдалната седмица. Според источното христијанство тој е шестиот ден од страсната Седмица, односно пет дена по Лазарова Сабота и четири по Цветници. А според западното христијанство, тој е петтиот ден од страсната седмица, односно четири дена по Цветници. На овој ден се прави спомен на светото миење на нозете, Тајната вечера, предавањето на страшните тајни, Првосвештеничка наатприродна молитва и самото предавство на Христос.

Денеска уште пред изгрејсонце се вапцуваат првите 3 јајца според верувањата, не се расипуваат со годин.

Која е нивната моќ:

Првото вапсано јајце му се наменува на Господ и се нарекува Господово јајце. Второто е за домаќинот на семејството. Третото за бериќет и за стоката.

За првото јајце се верува дека има магична моќ, па затоа неговото место е под иконата. Во народните преданија се вели дека со него се лекуваат одредени болести.

Сепак и во вапсувањето јајца, како и во сите други нешта што се работат, секогаш е најважна добрата мисла. Така, штом излезат првите сончеви зраци на Величетврток, домаќинката или кој било што ги вапсува јајцата ги буди најблиските и со првото јајце им поминува по лицата со зборовите: “црвено, бело, дебело“!

Црвената боја има симболика на победа. Нејзиното значење на овој голем Христијански празник е дека Господ Исус Христос со своето воскресение ја победил смртта. Црвената боја ја претставува божјата сила и моќ, а воедно ја симболизира и христовата крв, која Исус ја пролеал на крстот за спасение на сите луѓе на земјава. Така, бојата на јајцето не потсетува на крвта христова и спасението.

Црвените јајца во христијанството се симбол на воскресението Христово и на самиот празник Велигден. Формата го претставува гробот на Христос, како што од јајцето излегува живот кога ќе се испили, така од гробот излегол Исус Христос.

 

На почеток