Едно лице загина, а повеќемина се повредени откако вчера маж отвори оган во синагога во предградие на Сан Диего, Калифорнија. Инцидентот се случи на последниот ден од еврејскиот празник Пасха.
Стрелецот беше идентификуван како 19-годишен Џон Ернест од Сан Диего. Момчето е уапсено по пукањето.
Припадник на обезбедувањето пукал врз напаѓачот додека тој бегал, но го промашил и го погодил неговиот автомобил.
Ернест нема криминално досие, но се испитуваат тврдењата од манифестот објавен на интернет, каде тврди дека тој минатиот месец подметнал пожар во џамија во близина на градот Ескондидо, при што беше причинета само материјална штета.