Од неодамна Скопје доби нов забавен парк, со адреналински атракции лоциран на улица „Илинденска“ веднаш до СЦ „Борис Трајковски“.
Но се отвора прашањето, кој е надлежен за безбедноста на овие атракции.
Од Град Скопје за Алфа велат станува збор за отворен парк на приватна парцела за кој немаат никаква надлежност. Немаа одговор на прашањето кој врши безбедносни проверки и контроли на техничката исправност.
– Градот Скопје нема никаква надлежност за давање на дозволи за работа на вакви паркови ниту пак за контрола на нивната безбедност и за исправноста на реквизитите, велат од Град Скопје.
Забавниот парк нуди над 20 возења, од кои 10 се адреналински атракции, 10 фамилијарни возења, како и неколку интерактивни реквизити.
Главни атракции во „Мега“ се Камикази, кулата висока над 100 метри, Летечкиот килим, Брејк Денс, Ентерпрајз, Куќа на стравот и Поп Старс- возења какви можеме да видиме низ светските тематски паркови.
