Македонија

Крајната цел на целиот политички терор е уцена за обезбедување мнозинство во Собранието, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Македонскиот Устав нема потреба и не треба да се менува. Тоа беше јасно порачано и од македонските граѓани кои не дадоа поддршка на референдумот и се спротиставија на менување на името на Република Македонија, нејзините историја, култура и традиција, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

„Зоран Заев и СДСМ наместо да се соочат со волјата на граѓаните и да го признаат поразот, се решија да ја силуваат демократијата и институциите. На насилнички и крајно недемократски начин ги погазија правдата и правната држава и со тоа ставија точка за понатамошен демократски напредок на Република Македонија. Конечно на виделина се покажа вистинската причина за заднината на политичкиот прогон, монтираните и нарачани обвиненија на СЈО и настаните од 27 април и затворањето на пратеници.

Крајната цел на целиот политички терор од страна на власта се покажа дека е уцена за обезбедување на двотретинско мнозинство во Собранието за да се спроведе преспанскиот договор и да се промени името на државата.

Ваквото насилство и силување на државата, но и волјата на македонскиот народ се повеќе го поларизира општеството и ја однародува власта.  Погазени се човековите права и достоинството на граѓаните на Република Македонија на кои Зоран Заев им го одзеде правото на самоидентификација.

Ова срамно и капитулантско дело на Зоран Заев нема никогаш да заживее кај македонскиот народ не се откажал и нема да се откаже од Македонија и од својот идентитет.

Затоа Зоран Заев и СДСМ многу скоро ќе се соочат со граѓаните, а нивната ненародна и криминална власт ќе замине во историјата како единствена власт која потпишала бришење на името на Република Македонија, јазикот, културата, историјата и традицијата на државата.  Македонија и македонскиот народ победувале и повторно ќе победат“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток