Спорт

Почина легендата на Формула 1 – Ники Лауда

Трикратниот Формула 1 шампион, легендарниот Ники Лауда починал на 70-годишна возраст, потврди официјално неговото семејство. Австриецот кој беше подложен на трансплатација на белите дробови минатиот август вчера итно бил примен во болница во Виена, но овојпат не успеал да ја добие најважната битка.

„Замина нашиот Ники. Почина мирно, во кругот на семејството. На сите ни беше пример, прекрасен сопруг, татко, дедо кој ќе ни недостасува“, објави неговото семејство.

Лауда две титули освои со Ферари и една со Мекларен и до ден денешен е единствениот кој бил шампион и со Ферари и со Мекларен.

Ники Лауда имаше тежок инцидент во 1976 година по кој преживеа. На патеката Нирбургринг во Германија, неговото Ферари се запали, по што Ники имаше изгореници од трет степен.

Беше тешко повреден, но Лауда не само што се опорави, туку за 40 дена повторно седна во болид и возеше.

 

На почеток