Македонија

БЕСА ќе ги условува уставните измени: Прво унапредување на правата на Албанците, потоа договорот со Грција

Пратеникот Фадил Зендели вели дека во процесот на уставни измени, тие ќе поднесат нивни амандмани за унапредување на правата на Албанците. Тој вели дека според дебатата за нивните амднамни, ќе одлучат дали ќе поддржат усвојување на амандманите поврзани со договорот со Грција.

Како политичка партија, навестивме дека ќе бидеме дел од процесот за донесување на уставните измени, а ќе интервенираме со уставни амандмани за да унапредување на правата на Албанците. Не можеме да прифатиме, по 27 години, овие права да бидат за едни поубави времиња. Сметаме дека во овој момент се отвораат овие прашања, бидејќи ги засегаат Албанците. Треба овие прашања да се решат“, вели пратеникот Зендели.

Пратеникот вели дека прашањата за правата на Албанците кои тие ќе бараат да се унапредат, не произлегуваат од Охридскиот рамковен договор, туку од самостојноста на Македонија.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток