Македонија

Сашо Мијалков се појавил во седиштето на ВМРО ДПМНЕ

Претходно: Мијалков без гласање и овации исклучен од ВМРО-ДПМНЕ

Извори од партијата велат дека Мијалков се појавил неочекувано и како што самиот рекол дошол да му даде подршка на Мицкоски и да објасни дека воопшто не се точни информациите оти тој наводно подготвувал смена на првиот човек на ВМРО ДПМНЕ, како што претходно денеска објавуваа медиумите блиски до СДСМ, а тој потоа јавно демантираше. Исто така, побарал единство меѓу членството, бидејќи рекол дека тоа е нешто што во овие моменти е најпотребно. Но, бил и категоричен во својот став дека не сака да се меша воопшто во одлуките и чекорите на Мицкоски и раководството на партијата, пишува Нетпресс.мк

Според нашите сознанија, Мијалков не останал многу долго во седиштето на ВМРО ДПМНЕ и нема информација со кого се’ тој имал средби додека бил таму.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток