Македонија

Јанчев за „Скопје1“: Во ВМРО ДПМНЕ нема простор за различно мислење

Митко Јанчев, досегашен Потпретседател на ВМРО ДПМНЕ кој од вечерва е во процес на исклучување од партијата, за „Скопје 1“ вели дека овој како што го нарекува неосновани обвинувања нема да го направат помалку вмровец и дека ќе се мотив да продолжи со уште поуспешно вршење на функцијата Градоначалник на Кавадарци.

Во писмениот одговор стои:

„По предлог на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ г-дин Христијан Мицковски на вчерашниот ЦК бев разрешен од функцијата потпретседател. Живееме во време кога светот прогресивно оди напред во секое поле. Време во кое акцентот го ставаме на демократијата и слободното размислување. Неоснованите обвинувања на вчерашната прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ по завршувањето на ЦК беа маска за неспособноста за прифаќање на различни ставови и покажаа дека нема место за неостомисленици во врвот на ВМРО-ДПМНЕ.
Овие обвинувања како и симнувањето од функцијата потпретседател нема да ме направат помалку вмровец“ – вели Јанчев и додава:

„Очигледно ВМРО-ДПМНЕ не е подготвено да оди напред и да стане една модерна и демократска партија, напротив многу круто и агресивно ги “чисти” оние чии перцепции се насочени кон една таква модерна партија. Како Градоначлник на Општина Кавадарци од редовите на ВМРО-ДПМНЕ уште поуспешно ќе ја извршувам оваа функција, а за моето успешно менаџирање со општината сведочи скоро цела една година со голем број реализирани проекти, проекти кои се во тек и средување на општината и водење кон целта Кавадарци на прво место“ – стои во писмената изјава на Митрко Јанчев испратена до „Скопје1“.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток