Видео и Фото

Ефтов: Дали Александар Николоски ќе понесе одговорност за поразот во Охрид ? !

Синоќа во емисијата ВО ЦЕНТАР на новинарот Васко Ефтов за првпат во медиумите се отвори прашањето за одговорност на потпретседателот на партијата ВМРО ДПМНЕ Александар Николоски , кој е од Охрид, а во градот Охрид ВМРО ДПМНЕ ги изгуби локалните избори со околу 4000 гласа разлика.

Ефтов зборуваше и за некој „Кисинџер од Издеглавје“ ( без да прецизира на кого мисли ), а кажа и дека Александар Николоски бил главен кадровик.

Ефтов го постави прашањето: Ако имате потпретседател во градот Охрид и ВМРО ДПМНЕ изгуби таму, тогаш се поставува прашањето како може потпретседателот да победи во други делови на Македонија ?

Ефтов праша дали има логика ако некој губи со 4000 гласа никој да не понесе одговорност во ВМРО ДПМНЕ, додека Заев прави метла во СДСМ.

Ефтов рече и дека политички сплетки биле есенција на политичкото делување на Александар Николоски во неговата кариера.

ВИДЕО

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток