Македонија

Ходошевич: Не е точно дека сме крадци и измамници, обезбедуваме средства за да се исплатат купувачите и работниците

Службите во координирана акција на терен го истражуваат случајот со НЕФА мебел откако компанијата ги затвори сите продавници и стотици граѓани останаа без своите платени нарачки. Државниот пазарен инспекторат ги повикува засегнатите граѓаните да го пријават својот случај во пазарната инспекција

Во српските медиуми се јави рускиот бизнисмен Андреј Ходошевич, кој стои зад  фирмата „Нефа мебел“. Тој се јави во живо во утринска програма и вети дека ќе ги обесштети и работниците кои работеле во двете фабрики за производство на мебел во Врање и Сомбор, но и купувачите што останале без мебел, објави nezavisen.mk.

„Ги обезбедуваме средствата потребни за да се исплатат купувачите и работниците. Од денеска ќе се почне со уплата на средства за исплата на потрошувачите во Србија, заедно со платите кои им се должат на работниците. Обезбедивме околу  400 илјади евра“, вели Ходошевич.

Тој меѓу другото објасна дека заминувањето не се случило преку ноќ и дека опремата сеуште е во фабриката. Како главна причина поради која се повлекле според  Ходошевич  е тоа што работењето во Србија не било позитивно и износот вложен во работењето бил многу поголем од планираното.

Русинот меѓу другото вели:

„Не е точно дека сме крадци и измамници. Нашите компании не користеле државни субвенции, парите од купувачите не ги задржавме за нас и од Србија немаме уплатено ниту еден денар на своите приватни сметки. Сè до минатиот месец редовно го финансиравме работењето на компанијата, при што висината на вложувањата само во текот на април надмина половина милион евра. Нашите вработени, и покрај донесената одлука за затворање на компанијата ‘Нефа’, продолжија редовно да испорачуваат мебел сè до 23 мај. Според планот, требало на сите потрошувачи да им биде обезбеден мебел и да бидат решени. За жал, по невистините објавени во медиумите, настана хаос во магацинот и не сме веќе во можност да ви го испорачаме мебелот“, вели Ходошевич во јавно писмо.

„Нефа“ имала 14 подружници во Македонија, три во Скопје, магацин во Студеничани и продавници во Куманово, Прилеп, Штип, Струмица, Тетово, Битола, Велес, Струга, Охрид и Гостивар.

Текстот  во целост на: nezavisen.mk

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток