Свет

Вучиќ: „Ако дојде до ескалација на конфликтот сè што можам да ви кажам е – Србија ќе победи“

Српскиот претседател Александар Вучиќ по повод денешните настани на Северот на Косово се обрати во Парламентот.  Тој нагласи едека имаат цврсти докази дека се пука преку главите на Србите кои мирно протестираат.

Според Вучиќ, Приштина се обидува да воспостави албанска граница на Копаоник, но предупреди дека Србија тоа нема да го дозволи. Тој потсети на зборовите на претседателот на Косово, Хашим Тачи, кој вчера ја повика Албанија на обединување, толкувајќи ги како идеја албанската граница кон Србија да се постави на планината Копаоник.

„Границата на голема Албанија може во следните неколку часови да ни се појави на Копаоник, благодарение на Србите кои помагаа во тоа, но мојот одговор до нив е – нема да има таква граница на Копаоник“, порача Вучиќ.

„Ако дојде до какво било загрозување на поредокот и на животите на луѓето на северот на Кососво и Метохија, нашата војска ќе го заштити нашиот народ. Нема да дозволиме нова „Олуја“ во кое било место каде што живее нашиот народ“, порача Вучиќ.

„Она што ви го гарантирам е дека ако дојде до ескалација на конфликтот и понатамошни напади врз српскиот народ, сè што можам да ви кажам е – Србија ќе победи“, рече српскиот претседател.

 

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток