Свет

Русија: Акцијата на косовската полиција е уште една провокација од Приштина

Министерството за надворешни работи на Русија оцени дека акцијата на косовската полиција на северот на земјата е „провокација од Приштина“, додавајќи дека тоа е директна последица на повеќегодишната попустливост на ЕУ и САД кон администрацијата во Приштина.

Од Москва ги повикуваат меѓународните покровители во Приштина да преземат мерки против косовско-албанските радикални елементи и да спречат понатамошна ескалација на конфликтот. Портпаролката на руското МНР, Марија Захарова соопштила дека „упадот на специјалните сили во српските општини води кон ескалација на меѓуетничката напнатост и ја уништуваат смислата на повеќегодишните напори на Меѓународната заедница за мирно решавање на конфликтот.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток