Македонија

(ФОТО) По отстранувањето на палмите, на ред се билбордите во Охрид

Во согласност со препораката под реден број 19, која беше нотирана од страна на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО (Сесија 41 COM 7B.34), Општина Охрид ја започна најавената акција за отстранување на рекламните билборди кои се лоцирани во делови од централното градско подрачје и на крајбрежниот потег, во должина на кејот „Македонија”, велат од Општина Охрид.

Во првиот дел од акцијата за отстранување, биле демонтирани вкупно 5 билборди, за кои во моментов нема активни договори за закуп на локациите.

„Во текот на наредниот период планирано е да бидат отстранети и останатите рекламни билборди, кои ја нарушуваат визурата кон потегот на Охридското Езеро и во потегот на стариот дел на Охрид“, велат од Општината.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток