Пред Владата се поставени четири кампови на вработени во државната фирма Еурокомпозит. Тие бараат да им бидат исплатени 18 плати. Исто така се жалат на неисплатени опремнини и бараат тоа да биде најскоро решено.
„Еурокомпозит“ е дел од 10-ината фирми ќерки на некогашниот гигант „Еуроинвест 11 Октомври“, во којшто беа вработени околу 1.600 работници. По распадот на претпријатието секој од посебните правни субјекти во периодот на транзиција. „Еурофуд“, Еуроламинати“, Еуротрејд“, „Еуропрофил“, Хотел Липа и др. заминаа во стечај.
Единствено „Еурокомпозит“ остана низ годините да се бори за свој опстанок. Од некогашните 550 сега остана околу 280 вработени, но нивните плати се минимални, нешто над 10.000 денари е просечна плата по работник. Поради континуираниот проблем со недостиг од работа, се случува вработените со месеци да бидат пуштени дома со 70 % плата, во очекување на некој подобар договор. Кога пак ќе се успее да склучат одреден договор за работа, тие работата и по две смени, но платите им доцнат.