Коментари

Мајката на Пино се закани: Имате уште два дена

Мајката на свирепо убиениот Пино се огласи повторно на Фејсбук и упати порака до родителите на осомничените.

„2 дена ви давам. Сакам да ве видам кај мене во двор на коленици и да барате да ви простам. Родители на Ангела Горгиевска и родители на Али Фуркан ако не се појавите, два дена ви давам време, после ќе биде око за око. заб за заб, крв за крв. Знам дека ме читате и пратите“, стои во објавата на Фејсбук.

Маја Трпковска даде исказ заввчера во Обвинителството, па изјави дека според неа, да убиеш човек, па да си шеташ и спиеш е монструозно и додаде дека најверојатно мотив е љубомора.

Маја долго водеше битка со институциите, организираше и протест, а сега рече дека правдата ќе ја бара до крај.

 

На почеток