По налог на обвинителката за организиран криминал Вилма Рускоска, утринава е уапсен државниот секретар во Министерството за информатичко општество, Јахи Јахија од Куманово, осомничен за злоупотреба на службената положба и овластувања и за земање провизија од добиен тендер, објави СДК.МК.
Според неофицијални информации на САКАМДАКАЖАМ.МК, се работи за мито од десетици илјади евра, што Јахија го зел во 2014-2015 година.