Свет

Хаос во НАТО: Америка им забрани на турските пилоти да летаат со борбените F-35!

На турските пилоти им е забрането да летаат и да се обучуваат на борбените авиони F-35 во американската воздухопловна база во Аризона, објавил Пентагон.

“Reuters” наведува дека ова е соопштено во време кога Вашингтон го зголемува притисокот на Анкара да се откаже од купувањето на рускиот одбранбен систем S-400.

Портпаролот на Пентагон, Марк Ендрус, рекол дека американското министерство за одбрана “е запознаено со одлуката дека турските пилоти повеќе нема да летаат”.
Вршителот на должноста американски министер за одбрана, Патрик Шанахан, на своите турски колеги им рекол дека турските пилоти кои веќе се наоѓаат во САД, може таму да останат до крајот на јули.

Британската агенција неодамна, повикувајќи се на извори од американската администрација, јавила дека САД одлучиле да сопрат понатамошната обука на турските пилоти за управување со авионите F-35.

Сергеј Чемезов, раководител на рускиот државен конгломерат “Ростек”, пред четири дена изјавил дека Русија за два месеци ќе почне на Турска да и ги испорачува противракетните системи S-400.

Како што јавува “Interfax”, Чемезов рекол дека Русија завршила со обуката на турските војници за користење на системот S-400.

извор tocka.mk

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток