Република

УХМР со вонредна временска најава за утре

Времето утре во нашата држава ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Како што соопшти Управата за хидрометеоролшки работи, утринската температура ќе се движи од 12 до 18 степени, а дневната од 27 до 35 степени. УВ-индексот ќе биде 8.
Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Утринската температура ќе биде 16, а дневната 33 степени.

Од четврток ќе преовладува стабилно и многу топло време со максимални температури кои на повеќе места ќе надминат 35 степени.
Прогноза за 12.06.2019
Минимална температура: 13°C до 20°C
Максимална температура: 30°С до 38°C
Претежно сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. УВ=9

Прогноза за 14.06.2019
Минимална температура: 14°C до 22°C
Максимална температура: 30°C до 39°C
Претежно сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. УВ=9

Најчитани

To Top
Close