Македонија

Заев: Груевски побегнал криејќи се во багажник од автомобил

Во интервју за германскиот весник Франкфуртер алгемајне цајтунг, премиерот Зоран Заев тврди дека Никола Груевски избегал од земјава сокриен во багажникот на автомобил.

Заев тврди дека ја знае траекторијата на движењето на поранешниот премиер во клучните часови на бегството од земјата.

„Со лифт се симнал во подрумот, а потоа се сокрил во багажникот на автомобилот со кој бил изнесен од земјата. Во Албанија веднаш по минувањето на границата, го чекало унгарско дипломатско возило“, изјави премиерот.

Ова е прв пат носител на висока политичка функција во земјата да проговори за бегството на Груевски, со оглед на тоа што од обвинителството досега никој не кажал ништо за тоа како пребега Груевски.

Официјално, засега енигма како Груевски пребега од земјава.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток