Македонија

Општините Демир Хисар и Крушево добија сопствени регистарски ознаки (DH) и (KS)

Министерството за внатрешни работи излезе во пресрет на граѓаните на општина Демир Хисар и општина  Крушево и го одобри барањето за добивање  на сопствени регистарски ознаки на возилата. Донесена е одлука за изменување на правилникот за регистрационите подрачја за возилата и нивни ознаки кој е објавен во Сл. весник на Република Северна Македонија бр. 116 од 07.06.2019 година и стапува во сила осмиот ден од  денот на објавувањето. За регистарското подрачје Демир Хисар ознаката на регистарските таблици е DH, а за регистарското подрачје Крушево ознаката  на регистарските таблици е KS.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток