Македонија

Започна пробниот попис, власта и опозицијата со спротивни ставови

Започна пробниот попис на населението, становите и домаќинствата во 13 општини во земјава, меѓу кои се по два пописни круга во Прилеп и во Општина Долнени. Власта и опозицијата сѐ уште не го усогласија предлог законот за попис.

Пробниот попис започна без усогласен закон меѓу власта и опозицијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека предложениот закон е спорен и дека истиот тој е производ на договор меѓу СДСМ и ДУИ. Бараат и со нив да бидат извршени консултации. Директорот на заводот за статистика уверува дека пописот ќе се спроведе во согласност со европските стандарди.

Во пописот неможе да бидат попишани лица кои немаат државјанство.

Пилот проектот за попишување ќе се спроведе во 32 пописни кругови  и тоа во Гостивар, Кисела Вода, Зелениково, Штип, Радовиш, Куманово, Свети Николе, Кратово, Прилеп, Долнени, Струга, Кичево и Валандово. А пописот на населението, домаќинствата и становите треба да се реализира во април  2020 година.

Македонските граѓани последен пат се попишале во 2002 година. Обид за попис имаше и во 2011та но поради серија проблеми оваа операција не се реализира.

На почеток