Македонија

Две лица сослушани заради закани кон пратеникот Љубен Арнаудов

Две лица од Охрид кои беа блиски до пратеникот Љубен Арнаудов се приведени во полициската станица во Охрид.

Тие се приведени поради наводни упатувања закани по безбедноста на пратеникот Арнаудов.

На пратениците постојано им се зајакнува полициското обезбедување околу нивните домови во Охрид, а ги придружува и полициско обезбедување при нивното движење.

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи до надлежното јавно обвинителство ќе поднесе кривична пријава против M.K. (27) од Охрид, поради објава на социјалната мрежа Фејсбук со која се предизвикува загрозување на сигурноста на пратеник, односно поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело по чл.144 „Загрозување на сигурност“ од Кривичниот законик на Република Македонија.

По насоки на Основното јавно обвинителство Охрид, на 22.10.2018 година М.К. е повикан во полициска станица, каде појаснил дека објавата ја направил од својот мобилен телефон. Мобилниот телефон е одземен за понатамошно вештачење.

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика и понатаму ќе продолжи со активностите со цел санкционирање на ваквите случаи. Ги повикуваме сите граѓани кои се изложени на вакви закани или сведочат вакви закани, истите да ги пријават во најблиската полициска станица или на адресата [email protected]

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток