Скопје

Вчера пајак-службата подигнала 74 возила, а казнети се 20 возачи

Во текот на вчерашниот ден (24.10.2018 година) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле вкупно 10 сообраќајни незгоди од кои  пет сообраќaјни незгоди со телесни повреди и пет со материјална штета. Во сообраќајните незгоди пет лица се здобиле со телесни повреди.

Од преземените мерки и активности констатирано е дека 20 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 15 возачи од кои: двајца возачи затоа што управувале возила под дејство на алкохол, девет возачи управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и четири возачи затоа што биле возачи-почетници. Исто така исклучени од сообраќај се и 10 возила бидејќи биле нерегистрирани. Санкционирани се шест возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, еден возач поради недавање првенство на минување на пешаци, седум поради неправилно престројување, еден возач поради неправилно престигнување и еден возач поради неносење заштитен шлем (кацига).

Во однос на пешаците санкциониран бил еден пешак поради поминување на коловоз надвор од пешачки премин. Во текот на изминатиот ден издадени се 91 мандатен платен налог и 74 возила се подигнати со специјално возило “пајак”, соопштуваат од МВР

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток