Се засилува говорот на омраза на социјалните мрежи во пресрет на првата Парада на гордоста во Скопје, велат активисти. Тие посочуваат дека со донесувањето на неколку закони во изминатиов период, правата на ЛГБТИ луѓето се унапредени, но оти дискриминацијата се уште е присутна во општеството.
Таканаречениот „Прајд“ според организацијата Амнести Интернешнал зазема повеќе форми: од карневалски маршови до прикажување на филмски проекции и дебати, тоа е момент на прослава на луѓето кои се маргинализирани со строги дефиниции на тоа што значи да се биде маж или жена.
Противниците на овие настани имаат најлоши зборови за ЛГБТИ луѓето и сметаат дека не мора на тој начин да ја покажуваат нивната сексуална ориентација. Од друга страна, поддржувачите ја истакнуваат важноста да се испрати јасна порака против дискриминација од секаков вид.
Прајд настаните се организираат во текот на цела година, во зависност од земјите каде се одржуваат. Во Европа и Америка сезоната обично започнува во јуни, кога луѓето од ЛГБТИ заедницата покажуваат дека се горди на тоа што се.
Фестивалите на гордоста се забранети во некои земји низ светот, вклучително Русија, Саудиска Арабија, Уганда и од неодамна Турција.
Гордоста, според организациите за човекови права, го слави движењето на различните луѓе од ЛГБТИ заедницата и го засилува повикот за почитување и заштита на нивните права.
„Парадата на гордоста е мирен протест на кој ЛГБТИ луѓето излегуваат да ја покажат својата видливост и оти е потребна заштита, еднаквост и слобода“, велат активисти за прва на ЛГБТИ заедницата во Македонија.
Целата сторија прочитајте ја на СлободнаЕвропа.мк
