Македонија

Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски: За Бугарија, Македонија неможе да биде ништо друго освен втора бугарска држава на Балканот

Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски  за епицентар.бг тврди дека Гоце Делчев никогаш не се борел за никаква независна Македонија и дека тој е Бугарин. Според него, за  Бугарија, Македонија неможе да биде ни северна, ни јужна, ни горна ни долна, туку само братска втора бугарска држава на Балканот.

-Не можеме да продолжиме да го правиме дека не ги гледаме овие злоупотреби, провокации и фалсификати извршени од Скопје. Ја отворивме вратата на Македонија кон НАТО преку Спогодбата за соседство.Сега зборуваме за идното членство на Македонија во Европската Унија. Ова членство поминува само преку препознавање на историската вистина. А  таа е следна. Политичка македонска нација постои по 2 август 1944 година. На овој датум, банда бугарски болшевиците и шумкари, национални предавници се собираат во подрумот на манастирот „Прохор Пчински”, користејќи за алиби на собирањето големиот бугарски христијански празник Илинден и прифатат т.н.декларацијата на АСНОМ или „Антифашистичкото народно собрание на Македонија”. Ова се случува под диктатурата на Коминтерната и Москва. По одлуката на Коминтерната да создаде и спроведе т.н. „Македонска” нација во триесеттите години на дваесеттиот век, бугарската, српските и грчките комунистички партии  ја земаат оваа национално-предавничка директива “вооружување” и работат за нејзиното спроведување.Пред овој датум, 2 август 1944-та година – Илинден, нема никакво сомневање и не може да има никаков спор за карактерот, самосвеста и самоопределување на населението во денешната Вардарска Македонија. Тие се несомнено, недвосмислено и категорично бугарски, смета Џамбаски.

 

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток