Осудениот поранешен премиер Никола Груевски не поднел барање за апанажа до Собранието. Ова го истакна денеска претседателот на Собранието, Талат Џафери на денешната неформална средба со новинарите.
Џафери кажа дека барање за апанажа до сега до Собранието не е пристигнато ниту од Павле Богоевски, кој поднесе оставка по објавената аудио снимка каде набавува масло од канабис.
Според Законот за плата и другите надоместоци пранешните пратеници Груевски и Богоевски можеа да поднесат барање за апанажа, која би им се исплаќала во рок од една година по престанок на мандатот.
