Македонија

Донев: Да се откорне вековна калдрма и да се асфалтира? Добро бе луѓе, дали меѓу вас има еден со здрав разум?!

Претседателот на ОК на ВМРО ДПМНЕ објави статус на социјалната мрежа фејсбук, преку кој обвинува за уништување на вековната калдрма во стариот дел на Охрид. Донев пишува:

„И ова денес се случи…
Да се откорне вековна калдрма и да се асфалтира, потоа да се стави рампа низ која може да поминат само автомобили.
Добро бе луѓе, дали меѓу вас има еден со здрав разум?!
Упорно одите со главата во ѕид против волјата и интересите на граѓаните на Стар град.
Колку пати ви беа демонтирани глупавите рампи и пак терате инает со граѓаните.
Овој пат се осудивте и калдрмата која е белег на оваа улица да ја откорнете!
Кажете како би поминало тука противпожарно возило ако недај боже затреба???
Жално, бедно, тотално непромислено и забегано“, напиша Донев на ФБ.

И ова денес се случи…Да се откорне вековна калдрма и да се асфалтира, потоа да се стави рампа низ која може да…

Posted by Saso Donev on Friday, June 28, 2019

 

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток