Свет

После три мандати Едмонд Темелко ги загуби изборите во Пустец, на негово место Пали Колефски

Во тензична атмосфера, без учество на опозицијата во Албанија се одржаа локалните избори каде дури во половина од вкупно 65 општини имаа по само еден кандидат за градоначалник, и тоа од коалицијата „Алијанса за европска Албанија“ предводена од владејачката Социјалистичка партија. Така и општината „Пустец“, доби градоначалник од Социјалистичката партија. Нов градоначалник на општина Пустец, област Мала Преспа е Пали Андон Колефски од Социјалистичката партија. Тој на вчерашните локални избори освои 1.505 или 66,84 отсто од гласовите додека неговиот против кандидат Едмонд Вангел Темелко, од Македонска алијанса за европска интеграција, 859 гласови или 33,16 отсто.

Тресет и девет годишниот Колефски родум е од Пустец а живее во Корча, оженет е и татко на две деца. Тој е дипломиран економист и е вработен во Царинската испостава во Корча.

Инаку, Темелко со општина Пустец раководеше три мандати и забележа голем успех, од инфраструктура, водовод борба за еднаквос на Македонците во албанското опшество и многу други работи.

 

На почеток