Спорт

Викендов во Охрид по втор пат Триатлон

На 6 и 7 јули во Охрид втора година по ред ќе се одржи Јуниорски еврипски триатлон куп и Национално првенство во организација на Триатлон федерација на Македонија во соработка со Асоцијацијата за спортови „Спорт за сите-сите за Спорт“. На триатлонот настанот ќе учествуваат 150 натпреварувачи од 20 земји, а бројката на пријавени  ќе достигне до 200 учесници.

Сакам да изразам голема благодарност до Општина Охрид која повторни ни ја даде довербата и ни дозволи да организираме нов Триатлон со меѓународен карактер. Исто така сакам да се заблагодарам до СВР Охрид, Агенцијата за млади и спорт, Македонскиот олимпискио комитет (МОК) кои ни помогнаа овој настан да го организираме на многу високо ниво. Над 150 натпреварувачи од 20 земји ќе бидат дел од вториот Триатлон. Очекуваме до в сабота кога завршува пријавување да достигне 200, но и вака е добро со оглед на периодот во кој се одржува. – рече претседателот на македонската триатлон федерација, Иван Михајлоски.

Севкупната оценка од новото издание на Јуниорски еврипски триатлон куп и Национално првенство ќе ја даде делегатот на Европската триатлон унија, Људмила Медан.

Ова не е мое прво доаѓање во Охрид, туку второ бидејќи минатата година на Триатлонот бев во улога на селектор на српската триатлонот репрезентација. Триатлонот успеа повторно да не зближи сите земји од поранешната југословенска република. Кога дојдов вчера осети топлина и воопшто не чуствував како гостинка, тукуа како домаќин и дел од организацијата. Охрид има фантастични предуслови, во некои други градови копнеат по вакви услови и ги измислуваат се со цел да ја доловат природата и нејзината убавина, нешто што Охрид го има изобилство. Верувам дека викендот во знакот на Триатлонот ќе помине во најдобар ред и сите заедно ќе уживаме во натпреварувачкиот дел. – изјави Медан.

Во име на Општината Охрид до јавноста се обрати секретарот Игор Бежески. Тој рече дека Општина Охрид секогаш ќе поддржува врвни спортски манифестации кои го презентираат Охрид во нашата земја и пошироко.

Општина Охрид ги препозна заложбите на Македонската триатлон федерација и асоцијацијата „Спорт за сите – сите за спорт“ и оваа година несебично го поддржа одржувањето на овие натпревари, кои го поставуваат нашиот град на мапата на врвни спортски настани, не само во нашата земја, туку и пошироко. Со организацијата на ваквите спортски манифестации, Охрид испраќа една силна порака за поголема афирмација и промоција на спортот и здравите навики. Очекуваме овогодинешното издание на триатлон викендот, да донесе вистинско спортско доживување за сите учесници и дека ќе биде интересно искуство за сите љубители на спортот, кои ќе бидат дел од публиката. Се надеваме дека овој спортски настан ќе продолжи да се одржува и во иднина, со уште поголем број на учесници и дека значително ќе придонесе за промоција на потенцијалите за развој на спортскиот туризам во Охрид. На сите учесници на Триатлон викендот им посакуваме пријатни временски услови, успешен натпревар и одлични резултати.- истакна секретарот на Општина Охрид, Игор Бежоски.

Околу техничкиот дел зборуваше Иван Цветкоски од Асоцијацијата за спортови. Цветкоски го презентираше сообраќајниот режим и побара разбирање и помош од граѓаните и туристите во организацијата на триатлонот.

-Пред се би сакал да побарам разбирање од граѓаните на Охрид и туристите во нашиот град околу режимот на сообраќај кој ќе го има в недела од 7:30 до 16:30 часот. Патот од кружниот тек пред СРЦ „Билјанини Извори“ до кружниот тек пред влезот за Хотелот Инекс Олгица ќе биде затворен. Сообраќајот во тој сегмент од патот ќе се одвива на другиот пат двонасочно, што значи дека автомобилите и јавните превози ќе можат да се движат кон плажите. Во неколку наврати заедно сме покажале дека можеме да функционираме како еден и да направиме настан по светски терк а верувам дека можеме и сега. Безбедноста на натпреварувачите ни е на прво место а за тоа да биде се спроведено сите ќе мора да ги почитуваат наредбите од изработени од наша страна со СВР Охрид. – истакна Цветкоски.

Во недела официјалниот почеток на Триатлонот е во 8 часот а тековно потоа ќе стартуваат трките поделени во возрасни категории.

 

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток