Македонија

Заев е сниман додека разговарал преку фиксната линија во неговиот кабинет

Првиот телефонски разговор меѓу премиерот Зоран Заев и руските комичари кои се претставија како Порошенко и Столтенбер е правен преку фиксната линија. На самиот почеток се слуша дека повикот е на чекање, односно дека повикот се префрла на друг телефон, веројатно од кај секретарката кај премиерот. Со ова, се отвора прашањето, дали телефонскиот разговор е сниман на телефонот кој е во кабинетот на премиерот Заев? Ако е така, тогаш, на руските комичари наседнале повеќе лица, кои се дел од владиниот кабинет.

Оттаму се уште молк. Нема реакција, ниту демант на објавениот разговор. Потврда за тоа дека разговорот е правен преку фиксната линија во кабинетот е и тоа што премиерот Зоран Заев бара мобилен телефонски број од Порошенко (со кого мисли дека разговара). Разговорот трае речиси еден час. Заев зборува за некаква „автономија на окупирана територија“ која би ја добиле Татарите на Крим, со што би биле како Албанците на Балканот. Така тие би биле лојални до крај на Америка бидејќи целта била во „глобалната војна“ да победи Америка со Германија против Русија.

На почеток