Македонија

Македонија и Бугарија заеднички ќе ги чествуваат св. Кирил и Методиј, Св. Климент, Св. Наум и Цар Самуил

Владата на вчерашната седница ги прифати сугестиите за заедничко чествување Св. Кирил и Методиј, Св. Климент, Св. Наум и Цар Самуил. Според одлуката на Владата, овие личности се дел од заедничката историја на двете држави.

Од Владата информираат дека двете страни се согласуваат да го промовираат договореното и во најкус можен рок да ги усогласат датумите и заедничките одбележувања. Се прифаќаат и заедничките принципи и забелешки за содржината на учебниците за 5 одделение во Бугарија и за 6 одделение во земјава.

Владата во исто време бара заедничката мултидисциплинарна експертска комисија решително да ја забрза својата активност за значајни теми како Гоце Делчев и Илинденското востание и други и да настојува да се постигнат реални резултати до крајот на 2019 година, во однос на содржината на учебниците.

Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања решително да ја забрза својата активност за значајни теми од нашата заедничка историја (Гоце Делчев, Илинденското востание и други), и да настојува да се постигнат реални резултати до крајот на 2019 година, во однос на содржината на учебниците. Прифатено е во својата работа Комисијата строго да се придржува кон одредбите од чл. 8, т. 2 од Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, која нагласува дека е неопходен “придонес за објективно, засновано на автентични и засновани историски извори за научно толкување на историските настани – се вели во соопштението од владата.

 

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток