Македонија

Заев: И јас им се јавував на нив, кога се објавија снимките сфатив дека лажно се претставуваат

„Во таа комуникација која што сме ја имале, да, можно е како што тие што ме барале мене и јас да сум го барал, мислејќи дека е претседателот Порошенко. Завчера, кога се објавија снимките, сфатив дека тие не се вистинските Столтенберг и Порошенко“, вели Заев.

„Јас продолжувам со директни комуникации со премиери и претседатели. Комуницирам и мислам дека тоа е помош за мојата земја. Градиме пријателство, а комуникациите носат информации. Нема протокол кој мене може да ме ограничи ако јас сакам да ви се јавам вас, на премиери или било кого. Ова е само аларм за да се подигнат протоколите кога се комуницира преку фиксната телефонија на Владата“, додава Заев.

На почеток