Магазин

Само три македонски пејачи ќе настапат на концертот посветен на Тоше

На 13 октомври годинава во арената „Борис Трајковски“ во Скопје ќе се одржи концерт во чест на Тоше Проески. Балкански и македонски ѕвезди ќе ги отпеат најголемите хитови од легендарниот македонски пејач, а од фондацијата „Тодор Проески“ изјавија дека сè уште е рано да откриваат детали за настанот кој фановите со нетрпение го очекуваат.

Каролина Гочева, заедно со сестрите Тамара и и Тијана Дапчевиќ се единствените македонски пејачки кои ќе настапат на концертот. Јелена Томашевиќ, Бојан Маровиќ и уште пет други имиња од српската естрада ќе бидат дел од ова случување.

„Интензивно работиме на овој проект. Подготовките се во полн ек, веруваме дека сеќавањето за Тоше и овојпат ќе го одбележиме достоинствено“, велат од фондацијата. На концертот најверојатно ќе биде промовиран и четвртиот постхумен албум со работен наслов „Secret place“(Скришно место)  кој содржи десет песни на Англиски јазик.

 

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток