Македонија

Дисциплинска постапка за инспекторот кој откри неправилности на Tетовскиот Универзитет

Покрената е дисциплинска постапка против инспекторот Ѓорѓи Илиевски, кој јавно откри дека тројца високи функционери иако биле на функција незаконски се стекнале со повисоки стручни звања на Tетовскиот државен универзитет. Илиевски  откри во јавноста дека владините функционери Арбер Адеми, Агим Нухиу и Сафет Емрули се стекнале непрописно со повисоки стручни звања на Tетовскиот државен универзитет додека биле на должност.

Илиевски на 19 јули треба да се појави пред дисциплинска комисија во Државниот просветен инспекторат (ДПИ). За медиумите изјави дека ќе инсистира сослушувањето да биде јавно, бидејќи, како што вели, повикан е на „дисциплинска“ бидејќи открил незаконитост. Случајот вели е пријавен кај Народниот правобранител, Хелсиншкиот комитет за човекови права, Државната комисија за спречување корупција и Инспекцискиот совет.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток