Македонија

Митко Јанчев негира дека ги отпуштил вмровците вработени во Кожувчанка

ВМРО ДПМНЕ смета дека некој центар намерно со спинови и измислици го насочува вниманието на измислени случувања во партијата за да се пренасочи вниманието на јавноста од аферите и бизнисите во Владата.

Тврдењата кои ги објавија некои портали и страни на Фејсбук дека Митко Јанчев по смената од партиската функција во знак на одмазда отпуштил од работа неколку лица кои работеле во ВМРО ДПМНЕ, а плата ја обезбедувала Кожувчанка се целосно неточни – тврдат за „Скопје1“ Митко Јанчев и високи партиски извори во ВМРО ДПМНЕ.

„ Не е точно тоа. Измислица е , нити сум се одмаздувал нити сум отпуштил, нити сум вработувал на таков начин. Сето тоа е неточно “ – изјави за „Скопје 1“ Митко Јанчев.

Од партијата ВМРО ДПМНЕ на оваа тема велат:

„ Би замолиле малку да се занимава јавноста со СДСМ, затоа што веќе ја трошат втората година од мандатот. Вакви глупости кои кружат по медиуми и социјални мрежи навистина не се достојни за коментар. Јавноста повеќе треба да се запознае со работата на семејните фирми на Заеви, колку тендери земал министерот Ангѓушев и на колку фирми продава електрична енергија и слично “ – коментираат од ВМРО ДПМНЕ.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток