Вознемирувачки фотографии објавени на фејсбук страната на Ѕид на сообраќајниот срам. Коњ почина на сообраќајница во Скопје. И ова е едно од тие животни кои се измачивани, прегладнети и дехидрирани, едно од оние животни кои настрада поради впрегнатост во запрежна кола. И ова како и многу други за кои информираат медиумите е експлоатирано до максимум, поради што истото колабирало на улица.
Инаку ова не е прв случај коњ да почини од премореност. Пред само 5 дена истото се случи на кејот од Вардар. И тогаш на социјлните мрежи се пишуваше дека починатото животно фрлено на кејот од Врдар било измачувано.
Posted by Gjoko Ilievski on Monday, July 15, 2019