Македонија го загуби мечот со Грција со резултат 28:26.
Макеедонската ракометна репрезентација добро го почна мечот во Кожани со водство од 5-1, но Грција изедначи на 8-8. Првото полувреме го завршивме со предност 13-12. Во вториот дел успеавме да постигнеме предност од три гола 18-15.
На десетина минути пред крајот Грција дојде до водство кое успеа да го задржи до крајот на натпреварот.
Најефикасен во составот на македонската репрезентација беше Кире Лазаров со 8 голови, а по него следеше Талески со постигнати 6 голови.
