Магазин

(ВИДЕО) Руси крадат песни од Тоше и си ги претставуваат како нивни авторски хитови

Руската рок-група „Землене“ направи своја верзија на песната од Тоше Проески „Боже чувај ја од зло“, но ја претставува како своја авторска песна под името „Боже“. На плагијатот како автори се наведени имињата на Владимир Киселев и Владимир Трушин. Киселев се пишал како автор на песната, а Трушин си ја присвоил музиката.

Ова претставува незаконски отуѓвање на мелодијата, коментираат фановите на Тоше.

„Ова нема да ве направи големи пејачи“, „Направете си своја песна“, „Океј што сте ја украле песната, но вашето пеење е катастрофа“, се само дел од реакциите на фановите на Тоше под видеото.

Некои од обожавателите на македонскиот пејач коментираат луѓето и организациите кои го чуваат ликот и делото на Тоше, и од неговата Фондација, треба да преземат нешто за да докажат дека популарната песна на Тоше не е авторска песна на руската група и да бараат отштета.

Песната „Боже чувај ја од зло“ е дел од последниот албум на Тоше, „Игри без граници“, издаден 2007 година. Албумот беше издаден на македонски и српскохрватски јазик. Музиката за песната ја направи Миро Буљан, а оригиналниот текст го напиша Антонија Шола. Препевот на македонски јазик е на Владо Јаневски.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток