Македонија

Новиот закон за ЈО предвидува и формирање на специјализираното судско одделение

Новиот предложен закон за Јавно Обвинителство со кој СЈО ќе се спои со Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал, предвидува и формирање на специјализираното судско одделение каде ќе им се суди на случаите отворени од досегашното СЈО и новоформираната Јавно Обвинителство за гонење на организиран криминал и висока корупција, објави civilmedia.mk.

Ова се предвидува со членот 30 алинеа 4 на првичниот текст на предлогот кој власта му го испрати на ВМРО-ДПМНЕ за време на преговорите, а како што дознава ЦИВИЛ Медиа, истото решение било пренесено и во финалниот текст на предлог законот кој утре ќе влезе во собраниска процедура.

“Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција постапува пред специјализираното судско одделение надлежно за судење на дела од областа на организираниот криминал и корупција, во Кривичниот суд Скопје”, се вели во првичниот текст кој се најавува дека е пренесен и во најновиот предлог закон, пишува civilmedia.mk..

Текстот во целост на: civilmedia.mk

 

На почеток