Тој вели дека директните насилници не смеат да бидат предмет на помилување, како и нарачателите доколку може да се дефинираат, бидејќи тоа е многу комплицирано, изјави синоќа Османи.
Вчера пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ го достави до Собранието најавуваниот предлог-закон за амнестија кој треба да ги опфати сите лица кои се осомничени, обвинети или осудени за кривични дела поврзани со настаните од 27 април и минатогодишните насилства во Собранието. Опозицијата бара законот да се донесе по скратена постапка и дека очекуваат поддршка од сите парламентарни партии. Според ВМРО-ДПМНЕ, овој предлог закон е подадена рака за помирување и сега е на потег СДСМ да покаже дека стои зад она што го говори.