Дипломатски притисок или редовни посети. Јоханес Хан и Филип Рикер во само два дена неделава ќе имаат среби со државниот и политички врв на земјава со кои сигурна тема за разговор ќе биде новиот законт за СЈО кој утре влегува во собраниска процедура, но и скандалот кој го терсе СЈО со инволвираноста на специјалната јавна обвинителка во случајот „Рекет“. На дневен ред на средбите на двајцата високи допломати на ЕУ и САД ќе се најде избегнувањето на можноста од нова политичка криза, во која како увертира може да се топлкува одбивањето на ВМРО-ДПМНЕ да учествува на лидерска средба освен ако таа не е за предвремени избори.
Посетите коинцидираат со новонастаната ситуација поврзана со СЈО и влегувањето во Собрание на новиот предлог-закон за јавното обвинителство, така што не е исклучено да се примени и дипломатски притисок.
Лидерската средба по ова прашање која што ја иницираше Заев не се одржа минатиот петок откако лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, одби да учествува, по што шефот на Владата истакна дека од решавањето на судбината на СЈО, чиј мандат завршува во септември, зависи и добивањето на Датум за преговори од ЕУ.