Скопје

Стотици казни за возачи во Скопје: Поради пијанство, голема брзина, поминување на црвено, нерегистрирани возила

Во текот на изминатиот ден на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје преземени се мерки и активности и констатирано е дека 69 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената.

Од сообраќај исклучени се 22 возачи од кои: двајца возачи управувале возило под дејство на алкохол, 19 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и еден возач почетник затоа што не се придржувал на законските ограничувања.

Исто така, исклучени од сообраќај се и 20 возила затоа што 19 не биле регистрирани  и едно затоа што било техничи неисправно.

Санкционирани се четири возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, двајца возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, еден поради неправилно престигнување, 22 возачи на мотоцикли затоа што не носеле заштитен шлем-кацига, 19 возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 14 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило.

Во однос на пешаците, санкционирани  се шест пешаци поради поминување коловоз вон пешачки премин. Во текот на изминатиот ден издадени се 69 мандатни платни налози и 48 возила се подигнати со специјално возило „пајак”. Во текот на изминатиот ден се случиле 21 сообраќајни незгоди во кои едно лице се здобиле со тешки телесни повреди и осум лица се здобиле со телесни повреди.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток