Видео и Фото

ВИДЕО: Албански медиуми објавија снимка од престрелката во која беше убиен Грк

Албанските медиуми објавија видео на кое тврдат дека се наоѓа Гркот што беше убиен од албанската полиција во село во близина на границата меѓу Грција и Албанија.

Видеото, како што објави албанската телевизија „Репорт ТВ“, е снимено од еден објект и низ прозорецот се гледа Гркот со „калашников“ во рацете, а се слушаат и истрели.

Припадници на албанската полиција вчера убија Грк недалеку од границата на двете држави бидејќи тој претходно отворил оган кон нив.

Константинос Кацифас (35) со „калашников“ пукал кон албански полицајци што сакале да го тргнат грчкото знаме поставено на воените гробишта кај селото Буларат, недалеку од границата со Грција, јавија албанските медиуми.

Инцидентот се случил во моментот кога жителите на ова село, од кои мнозинството Грци, го одбележувале влегувањето на Грција во Втората светска војна во 1940 година. По пукањето, Кацифас избегал во шумата во близина. Полицајците успеале да го стигнат по што почнала престрелката, во која тој бил убиен.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток